Итна седница на Кризниот штаб на Србија – ќе се бара негативен ПЦР тест за влез во земјата


 

Утре ќе биде одржана итна седница на Кризниот штаб на Србија поради ситуацијата со корона вирусот, која требаше да биде одржана во петок.

Епидемиологот Предраг Кон ја потврди информацијата, а брзањето се должи на тоа што има зголемен број новозаболени од Ковид-19.

Според Кон, забранат за движење е последна опција, но се надеваат дека со поблаги мерки може да се сузбие заразата.

Премиерката Ана Брнабиќ синоќа рече дека 20 часот имаче повеќе од 400 новозаболени, а состојбата со корона вирусот во окружувањето на Србија е алармантно, па така Хрватска и Словенија имаат значително повеќе од 1.000 нови дневно.

Реално постои опасност од прелевање на ситуацијата и во Србија па не е исклучено да се бара задолжителен ПЦР тест за оние кои вегувата во Србија.

„Јас би го барал тоа и од нашите граѓани. Луѓето од Врање, Бујановац, Прешево секојдневно ја поминуваат границата со македонија купуваат гориво, тргуваат… А Македонија гори. Да беа само во нашата земја, немаше да имаат контакт со заразени и не би ја ширеле заразата. И Хрватска има огромно зголемување, Црногорците се постојано на високо трето место. Затоа сум за тоа никој без негативен ПЦР или серолошки тест да не влегува во Србија“, рече епидемиологот и член на Кризниот штаб д-р Бранислав Тиодоровиќ за „Курир“.