Хрватска има 1.424 новозаболени, починаа 11

Националниот штаб на Хрватска ги објави најновите податоци, а денеска бележат рекорд со 1.424 новозаболени, а има и 11 починати пацинети од последиците на Ковид-19..

Активни се 6.459 случаи, меѓу кои 622 пациенти на болничко лекување, од кои 38 на респиратор.

Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска се забележани 28.287 заразени, 393 починаа, а оздравеа 21.435 лица.