Србија со рекордни 512 новозаразени, половината во Белград

 

Според последните информации во Србија во последното деноноќие забележани се 512 новозаразени со Ковид-19, а речиси половина од нив 240, се во Белград.

Тестирани биле 7.425 луѓе, а вкупно 1.256.531 од почетокот на епидемијата.

Во болница се 490 пациенти, а на респиратор 27.

Стапката на смртност во Србија изнесува 2,1 отсто. Денеска почина еден пациент.

Претходниот рекорд во Србија беше забележан на 26 јули кога имаше 467 заразени.