Земјите од регионот бројат рекорди на новозаразени


Во Словенија денеска се забележани рекордни 79 нови случаи со корона вирус, а во моментот активни се 519. Во однос вчера ова е зголемување за 37 случаи, а досега во Словенија во еден ден беа забележани најмногу 61 случај, и тоа на 26 март. Нови жаришта се домови за стари лица, како и во училиштата […]

Лавров му се извинил на Вучиќ за коментарот на Захарова


Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, му се извини на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за контроверзниот пост на „Фејсбук“ на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ. „Коментарот на Захарова беше несоодветен и недостоен за нејзината позиција“, изјави Васиљевиќ за ТВ Прва. Таа рече […]

Каде оди Црна Гора?


Кој пат ќе го изоди Црна Гора по изборите на кои владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ ја загуби власта, е прашање на кое многумина се обидоа да одговорат во последните неколку недели. Изборниот успех на коалиционите опозиции „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е наша нација“ и „Црно-бело“, кои, со голема […]

Додик сака да ја сели амбасадата на БиХ во Ерусалим, Комшиќ бара признавање на Косово


Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик денеска поднесе барање да се одржи вонредна седница на Претседателството заради преместување на Амбасадата на БиХ од Тел Авив во Ерусалим, додека хрватскиот член на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ побара вонредна седница со предлог БиХ да ја признае независноста на Косово. Прво, Додик испрати барање за […]

Во Црна Гора наставата почнува на 1 октомври, дел од учениците во училиште, дел онлајн


Учениците кои оваа учебна година одат во првите шест одделенија од основното училиште и прв клас од средното училиште, ќе следат настава во училиште, додека другите ученици ќе следат настава преку Интернет, со консултации во училиште на секои две недели, објави Министерството за образование на Црна Гора. Наставата треба да започне на 1 октомври. Според […]

Во Албанија од направени 830 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 147 лица


Повторно висока бројка на новозоразени во Албанија, каде во последното деноноќие од направените 830 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 147 лица, што е околу 18 отсто од тестираните. Тирана и понатаму главно жариште на болеста, од каде се 67 од новозаразените, останатите се речиси од сите делови на земјата. -Во последните 24 часа битката со […]

По речиси два и пол месеци, 24 часа без смртен случај од Ковид-19 во Косово


По првпат во последните 72 дена во Косово во едно деноноќие не е забележан ниту еден смртен случај како последица на Ковид-19, објави Националниот институт за јавна медицина на Косово (ИШПК) во својот редовен извештај за состојбата со епидемијата на новиот коронавирус. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, според официјалните статистики, бројот на […]

Џејмс Пердју смета дека Борисов ја претворил Бугарија во еднопартиска држава


Во последниве години, демократијата во Бугарија се повлекува. А (премиерот Бојко) Борисов практично ја претвори Бугарија во еднопартиска држава, изјави поранешниот американски амбасадор во Софија Џејмс Пердју во интервју за Дојче веле. Тој вели дека ја следи ситуацијата во Бугарија и дека не е изненаден од континуираните антивладини протести во Софија и други градови. – […]

ЕК: Бугарија да продолжи со реформите во рамки на механизмот за соработка и верификација


Бугарија треба да продолжи да ги спроведува реформите во рамки на Механизмот за соработка и верификација. Ова го изјави портпаролот на Европската комисија Кристијан Виганд во одговор на прашањето дали е можно Комисијата да направи чекор назад во извештајот за спроведувањето на клучните точки од Механизмот, а кои се однесуваат прес се, на независноста, професионалноста […]

Кацин: Ситуацијата со Ковид-19 во Словенија полека се стабилизира


Портпаролот на словенечката Влада Јелко Кацин денеска изјави дека бројот на тестирања за Ковид-19 не се намалува, но дека бројот на нови случаи покажува дека состојбата полека се стабилизира, што, како што рече, е охрабрувачки. Тој на прес-конференцијата рече дека досега се забележани 11 локални извори на нови случаи, додека епидемиолозите имале проблеми со луѓе […]

Москва се нуди за посредник меѓу Грција и Турција


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при денешната посета на Кипар изјави дека Москва е подготвена да помогне во посредување во разговорите со Турција околу истражување на гас и нафта во источниот дел на Средоземното Море. – Што се однесува до вашите односи со Турција, ние сме подготвени да промовираме дијалог, прагматично заснован на […]

Субвенции за скратена работна недела во Хрватска побарале 534 фирми


Во Хрватска досега 534 компании со 24.192 вработени побараа субвенции за скратување на работната недела. Државата ќе им исплати на сите до 2.000 куни (265 евра) по работник, а мерката ќе се применува до крајот на годината, пишува Вечерњи лист. Претприемачите од особено загрозени дејности, со пад на приходот од повеќе од 60 проценти во […]

Белград ќе организира дочек на Новата година и покрај пандемијата


  Белград ќе организира дочек на Новата година, а како ќе изгледа прославата, која ќе може да се следи и по пат на социјалните мрежи, ќе се знае за еден месец. Ова денеска го најави заменикот градоначалник Горан Весиќ, кој истакна дека бројот на луѓе и организацијата на дочекот на Новата година ќе зависи од […]

Во бегалскиот камп Мориа 17 позитивни случаи на Ковид-19


Во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос регистрирани се вкупно 17 позитивни случаи на Ковид-19, по масовните тестирања од Националната организација за јавно здравје на Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Тестирањата започнаа откако минатата седмица беше поврден првиот позитивен случај кај бегалец од Сомалија. Министерот за миграција и азил […]

Во Хрватска денеска нови 204 заразени со корона вирус


  Хрватскиот кризен штаб денеска објави дека во земјата во полседните 24 часа регистрирани се нови 204 случаи со корона вирус. Сега во Хрватска има 2.529 активни случаи на Ковид-19. На болничко лекување се 303 пациенти, а 23 се на респиратор. Починаа уште двајца, вкупно 203. Во самоизолација се 8.608 луѓе. Вкупно заразени од почетокот […]

Доживотен затвор за напаѓачот кој уби 39 гости во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул


Турција– Турски суд денеска осуди екстремист од т.н. Исламска држава на доживотен затвор за новогодишниот напад врз ноќен клуб во Истанбул во кој беа убиени 39 лица, во 2017 година, јави Анадолија. Узбекистанецот Албулкадир Машарипов е прогласен за виновен за 39 убиства и обид за уривање на уставниот поредок и осуден на 40 доживотни затворски […]

Коронавирусот не се смирува во Албанија, влезе и во затворот со високо ниво на обезбедување


Албанија – Во Албанија и во последното деноноќие висока бројка на новозаразени со Ковид-19 или околу 18 отсто од тестираните 824 примероци во Институтот за јавно здравје и неколку приватни установи. -Во последните 24 часа потврдени се 151 новозаразен со Ковид-19, оздравени се 80 додека починаа тројца пациенти кои беа болнички третирани. Загрижува и појавата на […]

Предупредување од ЕУ до Србија: Нема членство во Унијата со амбасада во Ерусалим


Додека Вучиќ и Хоти разговараа со Борел во Брисел Унијата јасно соопшти дека нема членство за Србија и Косово ако не се придржуваат кон надворешната политика на ЕУ. Само САД и Гватемала имаат амбасади во Ерусалим   БРИСЕЛ – Европската унија ги предупреди Србија и Косово во понеделникот дека можат да ги поткопаат нивните надежи […]

Дендиас: Грција е секогаш подготвена за дијалог со Турција, но не под закани и уцени


Грција е секогаш подготвена за дијалог со Турција, но дијалог во рамките на меѓународното паво, а не дијалог под уцени и закани, ниту пак во присуство на турски воени и истражувачки бродови, порача шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата со неговиот колега од Малта Еварист Бартоло во Министерството за надворешни работи на Грција, […]

Грција го зголемува бројот на војници, купува оружје и развива одбрана


  Грција ќе ја зајакне својата војска со нови програми за вооружување, ќе се зголеми бројот на војници и ќе се унапреди развојот на одбранбената индустрија, изјави денеска владиниот портпарол Стелиос Пецас. Грција во моментот заедно со Кипар е во спор со Турција во врска со правото на потрага за енергенси во источниот дел на […]