Уште 168 новозаразени во Црна Гора, починаа тројца


Во Црна Гора во последните 24 часа регистрирани се 168 новозаразени од 638 тестирани, а починаа три лица. Најмногу нови случаи се регистрирани во Подгорица. Во истиот период оздравеле 174 пациенти. Вкупно активни случаи во Црна Гора се 3.756, пренесе РТЦГ. Од почетокот на годината, вкупно од Ковид-19 заболеа 16.797.

Почина познатиот хрватски социолог и политичар Славен Летица


Во 1990–91 тој беше советник на претседателот Туѓман, а во ноември 2003 година беше избран за пратеник на листата на ХСП Истакнатиот хрватски социолог, универзитетски професор, публицист и политичар Славен Летица почина во неделата во Загреб на 74-годишна возраст по долго и тешко боледување, јави Хрватската телевизија, пренесе Хина. Славен Летица е роден во 1947 […]

Во Косово 186 заразени и двајца починати од Ковид-19 последните 24 часа


 Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 663, откако двајца пациенти кај кои бил откриен коронавирусот починаа во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 186 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен […]

На свадби и погреби во Хрватска најмногу по 30 луѓе, нема продажба на алкохол по полноќ


  Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска објави нови мерки што ќе стапат на сила во понеделник, откако денеска беа регистрирани рекордни 2.421 нови случаи на коронавирус во земјата. Со новата уредба се пропишува строга мерка за физичко растојание – 2 метри во затворени простории и 1,5 метри на отворено. Забрането е одржување на […]

Бојко Борисов заразен со корона вирусот


Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави дека е заразен со вирусот корона. Тој на својот фејсбук профил напиша: „Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, јас во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По двата направени PCR-теста од денеска сум позитивен на Ковид-19. Во принцип, имам општа слабост и лошо […]

Босна и Херцеговина повторно над 1.100 нови случаи, 11 починаа


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 1.135 нови случаи со корона вирус, а тестирани се 2.523 лица. За разлика од вчера имаат 130 помалку денеска. Во Федерацијата направени се 1.749 тестови,а позитивни биле 729. Нови случаи се регистрирани во сите кантони, а најмногу во кантонот Сараево – 241. Досега се […]

Србија со нови 614 заразени, починаа тројца


Според последните информации за корона вирусот во Србија во последните 24 часа заболеле 614 луѓе. Починаа уште тројца пациенти, со што бројот на жртви се искачи на 792. Направени се 4.739 тестови, а процентот на заразени е 12,96 отсто. На респиратори се 26 пациенти, а вкупно во болница се лекуваат 694 пациенти.

Сплитската клиничка болница бара 300 медицински сестри, на конкурс се јавиле само 14


Клиничкиот болнички центар во Сплит распиша конкурс за вработување медицински сестри, а досега се пријавиле само 14. На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит, исто така, се обиде да привлече медицински сестри […]

Словенија со 1.675 новозаразени, во болниците се лекуваат само ковид-болни и итни случаи


Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 1.675 нови случаи со корона вирус, а починаа петмина. Бројот на дневни зарази е помал од рекордниот 1.961 во саботата, но процентот на потврдени случаи од тестирани е највисок, речиси 30 отсто. И понатаму се зголемува бројот забоелни во болниците во кои во моментот се лекуваат 508 […]

Хрватска урива рекорди, денеска 2.421 новозаболени


  Во Хрватска денеска се забележани најмногу новозаболени во еден ден, дури 2.421. Починаа осум пациенти. Со најновата бројка, активните случаи се зголемија на 11.144. Од нив 825 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 58. Од почетокот на епидемијата до денеска во Хрватска се регистрирани 36.380 заболени со корона вирус, од кои 437 […]

Анталија – на листата на светски топ дестинации, миленичка на Ататурк (репортажа)


Анталија се смета за „рај на земјата“, нарекувана е бисер на Медитеранот и центар на турската ривиера. Сите овие метафори се заслужени благодарение на прекрасната природа, тиркизното море, жолтите песоци, смарагдните борови шуми кои го опшиваат градот и блиската планина Таур (Торос) која се огледа во морските води. Тука се и бројните пештери, водопади, национални […]

Во Словенија од денеска во болниците само пациенти со Ковид-19 и итни случаи


Од денеска, приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итни случаи и оние кои се заболени од Ковид-19. Ттоа беше пропишано со указ издаден синоќа од министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар. Иако Универзитетскиот клинички центар во Словенија, најголемата здравствена установа во земјата и неколку други болници започнаа да […]

Составувањето нова црногорска влада не оди мазно


Мандатарот за состав на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ, им порача на лидерите на Демократскиот фронт дека не ги сака во неговата влада, поради што тие го повикаа да го врати мандатот, јавија црногорските медиуми. Кривокапиќ на парламентарните избори беше носител на листата „За иднината на Црна Гора“, чиј столб беше Демократскиот фронт (ДФ). Според […]

Младата босанска девојка на која семејството и ја истрижа косата: пет членови на семејството протерани во Сараево


Седумнаесет годишната Селма беше истрижана и претепана во Безансон во август од нејзиното семејство, затоа што беше за вљубена во еден млад христијанин Србин. Нејзините родители, како и нивните три други деца, беа протерани оваа сабота во Сараево, јави дописникот на МИА.   Пет члена од семејството на младата Босанка, која беше претепана и истрижана […]

И во Косово расте бројот новозаболени со Ковид-19


  Во Косово, во последните 24 часа регистрирани се 166 новозаболени од корона вирус, а тестирани се 1.056 лица. Починаа две лица. Активни се 2.062. Досега во Косово оздравеа 15.034 лица, пренесува Косово онлајн. Вкупниот број заболени изнесува 17.757, а тестирани се 86.098 лица. Најмногу заболени има во Приштина – 86, а потоа во Гњилане […]

Тачи: Сега е време Косово да стане членка на Обединетите нации


 Косовскиот претседател Хашим Тачи по повод денешнјиот Ден на Организацијата на обединетите нации (ООН) порача дека „сега е време Косово да стане членка“ на светската организација на народите, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи преку својот Твитер порача дека 75 години по основањето на ООН на човештвото му е потребно единство поради новите предизвиците […]

Сè полошо во Босна и Херцеговина, денеска заразени уште 1.265, а 10 починаа


  Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени нови 1.265 случаи на зараза со корона вирус, од тестирани 2.713. Во Федерацијата биле тестирани 1.493 примероци, од кои 669 биле позитивни на корона вирус. Досега во Федерацијата тестирани се вкупно 191.887 примероци, а корона вирусот е потврден кај 25.628 лица. Заклучно со денеска излечени се 18.258 […]

Словенија со црн рекорд: Нови 1.963 заразени, починаа 18


  Во Словенија во последните 24 часа потврдени се нови 1.963 случаи на зараза со корона вирус, а починаа 18 пациенти, објави словенечкото министерство за здравство. Како што се наведува, тоа е за 300 повеќе од вчера. Рекорд е постигнат и кај новозаболените, но и починатите. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во Словенија […]

Од утре Софија ги затвора ноќните клубови


Од утре сите ноќни клубови во главниот град на Бугарија ќе бидат затворени. Мерката ќе важи во следните две недели, објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. Одлуката доаѓа по состанокот со општинскиот штаб и врз основа на зголемените случаи на Ковид-19 и хоспитализираните пациенти во Софија, јави агенцијата БГНЕС. Фандакова ги повика компаниите во Софија, доколку има […]