Србија со нови 614 заразени, починаа тројца


Според последните информации за корона вирусот во Србија во последните 24 часа заболеле 614 луѓе.

Починаа уште тројца пациенти, со што бројот на жртви се искачи на 792.

Направени се 4.739 тестови, а процентот на заразени е 12,96 отсто.

На респиратори се 26 пациенти, а вкупно во болница се лекуваат 694 пациенти.