Словенија со црн рекорд: Нови 1.963 заразени, починаа 18


 

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се нови 1.963 случаи на зараза со корона вирус, а починаа 18 пациенти, објави словенечкото министерство за здравство.

Како што се наведува, тоа е за 300 повеќе од вчера.

Рекорд е постигнат и кај новозаболените, но и починатите.

Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во Словенија се искачи на 21.276, од кои во моментот се активни 13.023 случаи.

Во болница има 449 пациенти со Ковид-19, од кои 63 на интензивна нега.

Досега починаа 234 пациенти, а бројот на заразени на 100.000 жители последните 14 дена изнесува 449, по што Словенија е меѓу најзагрозените во Европската Унија.

Од денеска во Словенија се воведува карантин, односно затворени се продавниците, базените, фризерските салони, кината, културните домови и слично. Рестрикциите ќе траат најмалку една недела. Исто така, граѓаните не можат да патуваат од регион во регион во земјата.