Босна и Херцеговина повторно над 1.100 нови случаи, 11 починаа


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 1.135 нови случаи со корона вирус, а тестирани се 2.523 лица.

За разлика од вчера имаат 130 помалку денеска.

Во Федерацијата направени се 1.749 тестови,а позитивни биле 729. Нови случаи се регистрирани во сите кантони, а најмногу во кантонот Сараево – 241.

Досега се тестирани вкупно 193.636 примероци, а корона вирусот е потврден кај 26.357 лица.

До денеска во Федерацијата оздравеле 18.261 пациенти. Активни се 7.399 случаи.

Во Федерацијата за 24 часа починаа тројца пациенти или вкупно 697.

Во Република Српска тестирани се 736, а позитивни се 403.

Пријавени се седум смртни случаи.

Во Брчко има три нови случаи, а починал еден пациент.