И во Косово расте бројот новозаболени со Ковид-19


 

Во Косово, во последните 24 часа регистрирани се 166 новозаболени од корона вирус, а тестирани се 1.056 лица. Починаа две лица.

Активни се 2.062.

Досега во Косово оздравеа 15.034 лица, пренесува Косово онлајн.

Вкупниот број заболени изнесува 17.757, а тестирани се 86.098 лица.

Најмногу заболени има во Приштина – 86, а потоа во Гњилане – 13.