Бојко Борисов заразен со корона вирусот
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави дека е заразен со вирусот корона.
Тој на својот фејсбук профил напиша:
„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, јас во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови.
По двата направени PCR-теста од денеска сум позитивен на Ковид-19.
Во принцип, имам општа слабост и лошо се чуствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ“, напиша Борисов.
