Почина познатиот хрватски социолог и политичар Славен Летица


Во 1990–91 тој беше советник на претседателот Туѓман, а во ноември 2003 година беше избран за пратеник на листата на ХСП

Истакнатиот хрватски социолог, универзитетски професор, публицист и политичар Славен Летица почина во неделата во Загреб на 74-годишна возраст по долго и тешко боледување, јави Хрватската телевизија, пренесе Хина.

Славен Летица е роден во 1947 година во Подгора. Докторирал на Економскиот факултет во 1983 година, а од 1980 година беше професор по социологија на Медицинскиот факултет во Загреб.

Од 1990 до 1991 година, тој беше личен советник на првиот хрватски претседател, д-р Фрањо Туѓман.

На изборите за претседател на Хрватска, тој се кандидираше во 2000 година како независен кандидат, а во 2003 година, на листата на ХСП, беше избран за независен пратеник во хрватскиот Сабор.

Има објавено бројни текстови и колумни, како и книги, вклучувајќи ги „Криза и здравството“, „Интелектуалец и криза“, „Четврта Југославија“, „ЈНА – војна против Хрватска“, „Ветена земја: политички антимемоари“, „Диви мисли: илустрирана хроника на забранетите мисли и задоцнетата историја “, „Постмодернаата и геноцидот во Босна“, „Последниот суд: хроника на хрватската апокалипса“, „Лет над гнездото на кукавицата“, „Друга медицина: потрага по тајниот пат кон здравјето“, „Мала историја на голема Србија: Четничка Србија на нашиот Блиски исток“,„Политички целосно некоректно“ и „Вечен титоизам и канибалистичка политика“.