Словенија со 1.675 новозаразени, во болниците се лекуваат само ковид-болни и итни случаи


Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 1.675 нови случаи со корона вирус, а починаа петмина.

Бројот на дневни зарази е помал од рекордниот 1.961 во саботата, но процентот на потврдени случаи од тестирани е највисок, речиси 30 отсто.

И понатаму се зголемува бројот забоелни во болниците во кои во моментот се лекуваат 508 пациенти со Ковид-19, од кои 71 на интензивна нега.

Словенија досега регистрираше 22.952 заразени, починаа 240.

Министерот за здравство Томаж Гантар донесе уредба со која на 14 дена се сопираат сите здравствени услуги кои не се итни за да се даде приоритет на болните од Ковид-19.

Најави дека во иднина во работата во болниците ќе може да севклучи и приватниот здравствен сектор со концесии, лекари приправници и специјализанти.

Затворањето кое владата го прогласи од вчера подразбира затворени продавници, освен оние за храна и основни намирници, угорстителски објекти, фризерски и козметички салони, теретани, базени, кина, културни установи, автоперални.

И понатаму на сила е забраната за напуштање на постојаното престојувалиште, наставата во училиштата и факулететте се одвива на далечина, а од понеделник нема да работат ни градинките.