Сè полошо во Босна и Херцеговина, денеска заразени уште 1.265, а 10 починаа


 

Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени нови 1.265 случаи на зараза со корона вирус, од тестирани 2.713.

Во Федерацијата биле тестирани 1.493 примероци, од кои 669 биле позитивни на корона вирус.

Досега во Федерацијата тестирани се вкупно 191.887 примероци, а корона вирусот е потврден кај 25.628 лица.

Заклучно со денеска излечени се 18.258 пациенти, а во моментот активни се 6.676 случаи.

Во Федерацијата починаа и тројца пациенти, со што бројот на жртви се искачи на 694.

Во Република Српска тестирани се 1.201 примерок, а позитивни биле 582 лица. Починаа седум пациенти.

Во Брчко тестирани биле 19 примероци, а 14 се новозаразени.