Радман: Во Хрватска има 2.000 помалку починати од лани, поголема штета прави паниката


 

Хрватскиот научник и академик Мирослав Радман за РТЛ Директ зборуваше за епидемијата од корона вирус.

Вели дека се поголемите бројки се загрижувачки, но кога станува збор за ригорозните мерки на некои европски земји, вели дека нивниот резултат се уште не може да се знае.

„Многу е тешко да се критикува претпазливоста на оние кои се одговорни. Не можеме да го знаеме резултатот на тие мерки, но до сега тие добро работеа. А која е димензијата на овој проблем на јавното здравје, јас сам не знам, но кога ќе погледнам во податоците од Хрватскиот завод за зтатистика, тогаш фино може да се прочита дека во овој дел има 1.967 смртни случаи помалку отколку во истиот период лани“, вели тој.

Човек со зрдав разум тогаш се прашува каде е толку страшниот проблем.

„Не знам кое е нивото на инженерство овој пат и зошто Ковид-19 стана таква ѕвезда, кога имаме помалку смртни случаи отколку во истиот период лани“, вели Радман.

Смета дека можно е повеќе штета да направила паниката од болеста отколку самата болест.