Босна и Херцеговина надмина 1.100 новозаразени во еден ден, 14 починаа


 

Во Босна и Херцеговина денеска има регистрирано 1.179 новозаразени со корона вируст, што е за 180 повеќе од вчера.

Изработени се 2.981 тестови, што е помалку од вчера (3.038).

Федерацијата направила 1.924 тестови,а позитивни биле 732. Досега тестирани се 190.394 граѓани, а Ковид-19 е потврден кај 24.959 лица.

Излечени се вкупно 18.242 пациенти, а активни се 6.026.

Во Федерацијата за еден ден има деветмина починати од Ковид-19 или вкупно 691.

Во Република Српска тестирани се 1.057, а позитивни биле 437.

Пријавени се пет смртни случаи или вкупно 353.

Досега заразени со Ковид-19 се 13.149 луѓе, а оздравеа 7.720. Вкупно се тестирани 93.835.

Во Дистриктот Брчко регистрирани се шест нови случаи со корона вирус.