Нов биланс во Србија: Новозаразени се 579 луѓе


 

Во Србија во последните 24 часа пријавени се 579 новозаразени со корона вирус, најмногу од почетокот на епидемијата.

Во истиот период починаа тројца пациенти.

Тестирани биле 8.209 лица.

На респиратори низ српските болници има 24 пациенти.