Словенија во 1.656 нови случаи со Ковид-19, затвора уште еден регион


 

Во Словенија во последните 24 часа од корона вирусот заболеа уште 1.656 лица, покажаа најновите податоци на здравствените власти.

Починаа тројца пациенти, со што бројот на жртви порасна на 214, пренесе порталот 24УР.

Во болница се лекуваат 394 пациенти, а на интензивна нега се 67 пациенти.

Пораснал бројот на заболени и во крајбрежниот регион Крашко, па и тој регион кој единствен беше во портокалова, премина во црвена фаза. Тоа знали дека и таму ќе бидат затворени барови, а маските се задолжителни и на отворено. За сабота се најавени нови мерки.