Во Косово 159 нови случаи со Ковид-19


 

Денеска во Косово потврдени се 159 нови случи на зараза со корона вирус, соопшти Институт за јавно здравје.

Нема починати.

Тестирани се 1.245 лица, а најмногу заболени има во Приштина.

Досега во Косово заболеа 17.422 граѓани, а починаа 657 пациенти.