Во Босна и Херцеговина 999 нови случаи, починаа 20 пациенти


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина забележани се 999 новозаразени, а починаа 20 пациенти.

Во Федерацијата тестирани се 2.075 примероци, од кои 606 се позитивни.
Досега се тестирани вкупно 188.470 примероци, а корона вирусот е потврден кај 24.227 лица.

До денеска оздравеле 18.062 пациенти, а активни се 5.483 случаи.

Во Федерацијата во последното деноноќие починаа 17 пациенти со ковид-19, со што бројот на починати се искачи на 682.

Во република Српска пак, биле тестирани 963,а позитивни на Ковид-19 биле 387.
Пријавени се и три смртни случаи, или вкупно досега 348.

Досега во РС има регистрирано 12.712 заболени, оздравеа 7.631, а тестирани се вкупно 92.826.

Во Брчко тестирани се 34 лица, од кои шест биле позитивни.