Грција воведува полициски час заради зголемениот број новозаразени со Ковид-19


 

Грција ќе воведе ноќен поливиски час во подрачјата кои се најмногу погодени од Ковис, 19, изјави во четвортокт премиерот Киријакос Мицотакис, најавувајќи ограничување на движењето во неколку подрачја во земјата, вклучително и Атина.

Претходно, властите пријавија 882 нови случаи со корона вирус, што е нов максимум, откако во средата беа забележани нови 865, пренесува Ројтерс.

Мицотакис рече дека движењето ќе биде забрането од 30 минути по полноќ до 5 наутро на локации кои се сметаат за високоризични и на кои е неопходен зајакнат надзор, врз основа на разликата од четири нивоа од страна на властите. Мерката се воведува од сабота.

Два региона на северот на Грција, Козани и Касторија, изложени се најголем ризик, а веќе се најавени затварања во овие региони. Следуваат други покраини со зголемен надзор во северна Грција и регионот Атика, во кој спаѓа и главниот град Атина.

Грција забележа значително помалку случаи со Ковид-19 од останатите земји во Европа, иако случаите почнаа да растат на почетокот на октомври. Исто така, државата почна да спроведува повеќе тестирања на жителите на корона вирус.