Вучиќ: С Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ


Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш со таа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, јави допсиникот на МИА од Белград. Тој со ова одговори на новинарско прашање во специјална емисија на ТВ Прва, зошто ЕУ нема отворено ниту едно преговарачко поглавје со Србија. – Навистина има […]

Најмалку осуммина пациенти со Ковид-19 загинаа во пожар во болница на југот на Турција


Осум лица денеска загинаа во пожар што избувнал на Оддел за интензивна нега на кој се лекувале пациенти со Ковид-19 , во приватна болница на југот на Турција, јавија турските државни медиуми. Агенцијата Анадолија информира дека пожарот избувнал кога експлодирала боца со кислород во Одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп. […]

Вучиќ: Србија е воено неутрална земја, нема да влезе во НАТО


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија нема да влезе во НАТО бидејќи е воено неутрална земја. -Мислам дека ова е најдобра позиција, самите да ја штитиме нашата земја, нашето небо и нашиот народ и да продолжиме да се однесуваме така, рече Вучиќ синоќа во гостувањето на ТВ Прва. И професорот на ФПН, Иво […]

Рекордни 246 смртни случаи во Турција, 26.410 новозаразени


Дневниот број на жртви од Ковид-19 во Турција достигна рекордни 246 во последните 24 часа, покажаа податоците на Министерството за здравство во петокот, додека бројот на нови случаи се зголеми за 26.410. Од почетокот на пандемијата, Турција регистрира 1.982.090 случаи на корона вирус, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 е 17.610, пренесува Ројтерс.

Бугарија протера руски дипломат, Москва ќе одговори


Бугарското министерство за надворешни работи му даде 72 часа на руски дипломат да ја напушти земјата откако обвинителството утврдило дека тој е вмешан во шпионирање на земјата од 2017 година, соопшти министерството денеска. Портпаролот на министерството изјави дека за тоа е известена руската амбасада во Софија. Во посебно соопштение, канцеларијата на обвинителот наведува дека рускиот […]

Србите се враќаат пред мерките, метеж на границите


  Километарски колони на граничните премини кон Србија, особено од хрватската страна. Се претпоставува дека причина за овој метеж е стапувањето на силна на новите мерки, односно задолжителниот ПЦР тест или карантин за влез во Србија. Владата на Србија пропиша нови мерки за задолжителен негативен ПЦР тест при влез во Србија за сите граѓани, па […]

Во Србија од Ковид-19 починаа 51 пациент, помалку од 5.000 новозаразени


  Според последните информации во соседна Србија регистрирани се 4.910 новозаразени, а починаа 51 пациент. Тестирани биле 16.740 лица, а вкупно од почетокот на епидемијата 2.118.129. На респиратор се 349 пациенти, а во болница се лекуваат 9.544 пациенти со Ковид-19. Стапката на смртност изнесува 0,88 отсто.

Бугарија протерува уште еден руски дипломат поради шпионажа


Бугарија ќе протера уште еден руски дипломат по неколку слични случаи, откако против него е отворена истрага за шпионирање на американските сили стационирани во оваа членка на НАТО, соопшти денеска Владата во Софија. – Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи дипломат на Руската амбасада во Софија за непожелна личност и му даде 72 часа да ја напушти земјата […]

Словенечкиот министер за здравство поднесе оставка во екот на пандемијата


Словенија – Словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантар, денеска поднесе оставка на функцијата откако неговата партија ја напушти владеачката коалиција на десниот центар, што претставува директен удар за премиерот Јанез Јанша во време на пандемијата на коронавирусот. Гантар изјави дека оставката ја поднесува по одлуката на неговата Демократска партија на пензионерите (ДЕСУС) да ја напушти […]

Во Србија одобрена вакцината на „Фајзер“, првите дози од 21 декември


Србија– Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави денеска дека првите дози на вакцината „Фајзер“ во Србија ќе пристигнат во понеделник или вторник, во првата транша од нешто помалку од 5.000 дози, а ќе ги примат корисниците на домовите за стари лица, се наведува на веб-страницата на српската Влада. Како што јави дописникот на МИА […]

Во Грција уапсен Грк кој шпионирал за Турција


Грчката полиција уапси функционер на турскиот конзулат обвиент за шпионажа, а овој потег најверојатно ќе доведе до дополнително заладување на односите меѓу двете земји. Се работи за лице со грчка националност кој е вработен во тускиот конзулат на островот Родос. Функционерот е уапсен денеска, по испитувањето кое траеше една недела. Уште едно лице со грчка […]

Во Хрватска нови 3.272 нови заразени со Ковид-19, починаа 68


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 3.272 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни изнесува 21.297. Меѓу нив 2.918 пациенти се лекуваат во болница, а 294 се на респиратор. Починаа уште 68 пациенти од последиците на Ковид-19 или вкупно досега 3.023. Досега во Хрватска од Ковид-19 заболеа 190.235, […]

Хуманоста на дело: Го блокираа сообраќајот за да донесат донации во Психијатриската болница крај Задар


  Кога Мартина Шушиќ на Фејсбук прати апел за помош на нејзините пациенти од Психијатриската болница во Угљан, не помислила дека ова може да се случи. Имено, како што пренесува хрватскиот портал Задарски.хр, Шушиќ побарала помош во вид на облека и обувки пред две недели, а вчера во 16.30 часот река луѓе кои сакаа да […]

Хрватска со построги мерки – пропусници и ограничувања за домаќинствата од 22 декември до 8 јануари


Од вторник, Хрватска ја очекуваат построги мерки, што ќе бидат на сила од 22 декември до 8 јануари и, меѓу другото, ќе бидат воведени пасоши за движење и ќе се воведе забрана за собирање луѓе од повеќе од две домаќинства. Според порталот Индекс, постојните мерки ќе бидат продолжени, а ќе се додадат и неколку нови. […]

Удар за Јанез Јанша – владата ја напушти еден од клучните партнери


Извршниот комитет и советот на партијата на пензионерите на Словенија, ДеСУС, го поддржаа заминувањето од владината коалиција на Јанез Јанша. Како што рече лидерот на партијата Карл Ерјавец по состанокот, тие денес одлучија да ја напуштат коалицијата и останува на Јанша да одлучи кога ќе ги разреши министрите од квотата на ДеСУС. Извршниот комитет и […]

Паѓа бројот заразени во Србија, починаа 47 пациенти


Во текот на претходните 24 часа во Србија регистрирани се 5.129 новозаразени со корона вирусот, а во исто време, починаа 47 пациенти со Ковид-19. Тестирани се 17.460 лица. Во болниците, во моментот има 9.499 луѓе, а на респиратор се 353 пациенти, што е за 20 повеќе од вчера. Во Србија од почетокот на епидемијата регистрирани […]

Владата на Јанша на стаклени нозе, партијата на пензионерите најави излегување од коалицијата


Извршниот комитет на партијата на пензионерите ДеСУС му предложил на партискиот совет да ја напушти коалицијата на премиерот Јанез Јанша, пренесува словенечката агенција СТА.Тој исто така им предложил на неговите членови да го поддржат Карл Ерјавец за мандатар. Оваа одлука следи само два дена откако Ерјавец беше повторно избран за претседател на ДеСУС. Тој ја […]

Во Словенија уште 43 починати, 1.642 нови инфекции


Бројката на починати во Словенија никако да се намали: во последните 24 часа регистрирани се 43 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 2.233. Тоа значи дека Словенија веќе има 1.074 змртни случаи на 1 милиони жители. Направени се 6.350 тестови, а од нив позитивни биле 1.642, што изнесува 25,8 отсто. […]

Европските новинари бараат санкции за бугарскиот пратеник Јорданов


Здружението на европски новинари испрати отворено писмо до лидерот на групата на Европската народна партија во Европскиот парламент, Манфред Вебер, во кое бара казна за бугарскиот пратеник Александар Јорданов за неговото неприфатливо однесување кон новинарката на бугарското национално радио Силвија Великова. Јорданов е европратеник од УДФ, кој влезе со списокот ГЕРБ. На својот Фејсбук профил […]

Секој трет вработен во Ургентниот центар во Белград е заразен со корона вирус


Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија, доктор Марко Ерцеговац, изјави дека околу една третина од здравствените работници во таа институција се заразени со коронавирусот, но оти повеќето имаат полесна клиничка слика. Ерцеговац за РТС изјави дека околу една третина од вработените се болни, но оти повеќето се добро. – Ако продолжи ова темпо, нема да има доволно време […]