Вонредно во два грчки града


  Грчката влада прогласи вонредна состојба во два града во регионот Хераклион на Крит, Кастели и Трапсанос. Обилните дождови кои паѓаа во петокот и во саботата доведоа до поплави во нив и многу лизгање на земјиште. Вонредната состојба ја воведе заменик-министерот за цивилна заштита за управување со кризи Никос Хардалиас, пренесе АНА. Вонредната состојба ќе […]

Албанија од утре воведува полициски час


Албанија од утре воведува полициски час како дел од напорите да се спречи ширењето на новиот коронавирусот по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели. На сите граѓани ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22 до 6 часот. – Поради високиот број заразени и со цел да се спречи понатамошното […]

Во Србија најмногу заболени во еден ден досега 2.823


  Во последните 24 часа во Србија забележани се рекордни 2.823 новозаразени со корона вирус, а починаа 14 пациенти. Зголемен е и бројот на тестирања во однос на претходниот период, па така денеска се тестирани 13.091 луше. Расте и бројот на пациенти на респиратор, каде има 126 пациенти. Од почетокот на епидемијата од Ковид-19 заболеа […]

Во Федерацијата БиХ се воведува полициски час


  Кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина воведе ограничено движење на жителите, од 23 часот до 5 часот на утро, а одлуката стапува на сила утре. Исто така, се ограничува собирањето на максимум 30 луѓе надовр и внатре. Од ограничувањето се ослободуваат оние кои работат ноќни смени со валидна потврда од работодавецот, како и […]

Во Босна и Херцеговина 1.605 позитивни на корона вирус, починаа 46 пациенти


  Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина на корона вирус се тестирани 5.411 примероци, а позитивни биле 1.605. Во однос на вчера бројот на тестирани е поголем за 3.011, а бројот наз аразени за 608. Починаа 46 пациенти, што е 27 помалку од вчера. Во Федерацијата тестирани се 4.059 примероци, од кои 1.123 […]

Момче во Љубљана ги уби, сестрата, таткото, мајката, па себеси


Момче од Љубљана, Словенија, на возраст од 22 години, ги убил сестра му, татко му, мајка му, а на крај си пресудил и себеси, пишува 24ur. „Синоќа околу 21 часот љубљанските полицајци добиле дојава за настан во местото Јанче каде се пронајдени четири мртви тела. Според првичните информации, 22-годишник пукал во членовите на семејството стари […]

Лутфи Елван назначен за нов министер за финансии на Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи поранешниот вицепремиер Лутфи Елван за нов министер за финансии, кој ќе го замени Берат Албајрак кој поднесе оставка, објавено е денеска во турскиот Службен весник. Ердоган доцна синоќа ја прифати оставката на Албајрак, еден ден откако на социјалните мрежи објави дека се повлекува од функцијата поради здравствени причини и ќе […]

Забранета продажба на облека, обувки, книги, играчки во супермаркетите во Грција додека трае карантинот


За да се избегне нелојалната конкуренција за време на карантинот, од утре е забранета продажба на облека и обувки, електронски производи, играчки, книги и слично во супермаркетите до 30 ноември, односно сѐ додека се затворени останатите продавници специјализирани за вакви производи, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис […]

Во Хрватска 33 починати од Ковид-19, 1.467 новозаразени


  Во последните 24 часа забележани се 1.467 нови случаи на зараза со корона вирусот во Хрватска, а активни се 14.524. Меѓу нив, 1.513 пациенти се на болничко лекување, а 167 на респиратор. Починаа 33 пациенти. Од почетокот на епидемијата досега има забележано 70.243 позитивни на корона вирус, од кои починаа 865, а оздравеа 54.854 […]

Борисов: Негативен сум на Ковид-19, ќе се сретнам со Заев


Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека добил негативен тест на Ковид-19 и ќе може денеска да се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и заедно да претседаваат со Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес. – Негативен сум на Ковид-19. Тоа го покажа вториот последователен тест. Со согласност од здравствените власти […]

Харадинај: Косовските институции не смеат да бидат рамнодушни на обвинението против лидерите на ОВК во Хаг


 Лидерот на Алијанса за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај рече дека косовските институции не смеат да бидат рамнодушни на фактот дека е покренато обвинение против лидерите на ОВК во Хаг.Тој го критикуваше коалицискиот партнер, актуелниот премиер Авдулах Хоти, велејќи дека не треба да држи предавања за тоа дали да се меша во правдата, туку […]

Еден отсто од црногорското население заразено со корона вирус


Црна Гора е на високо ниво на трансмисија на корона вирусот, што може да го загрози целиот здравствен систем за неколку дена, нагласи денеска водечкиот црногорски епидемиолог Бобан Мугоша, најавувајќи рекордни 803 случаи на инфекција и пет смртни случаи поврзани со Ковид-19 Во Црна Гора, 7.177 лица, или еден процент од црногорското население, во моментов […]

Црн биланс во Албанија: 525 нови случаи со Ковид-19, починати 12 лица,се воведуваат брзи тестови


Во Албанија за првпат од почетокот на здравствената криза, во едно деноноќие регистрирани се 525 нови случаи со Ковид-19 а починале 12 лица во болнички услови. -Во земјава продолжуваат рекордните бројки на заразени со Ковид-19.Во изминатите 24 часа наравени се 1.967 тестови при што опасниот вирус е дијагностициран кај 525 лица или 27 отсто од […]

Во Грција повторно рекорден број смртни случаи од Ковид-19, почина 41 лице


Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран рекорден број смртни случаи од Ковид-19, почина 41 лице, додека пак намален е бројот на новозаразени, регистрирани се 1.490 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина. И денеска е дополнително зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати, вкупно 239, односно 11 повеќе од вчера. Од […]

Во Србија 11 починати од корона вирусот, помалку од вчера


  Денеска во Србија пријавени се 11 смртни случаи од корона вирус, а има 1.318 нови заразени, од кои речиси половината се во Белград – 583. Во ковид одделенијата се хоспитализирани 2.637 пациенти, а денеска на респиратор се 119 пациенти. Од почетокот на епидемијата тестирани се 1.429.551 примероци, а регистрирани се 64.065 заболени. Потврдени се […]

Од среда Албанија го враќа полицискиот час


Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 соопшти дека од среда во Албанја се враќа полицискиот час,во период од три недели. -Поаѓајќи од високиот број заразени а со цел да се спречи понатамошното ширење на заразата, донесовме одлука со која се забранува движење од 22 до 6 наутро. Ограниченото движење започнува од среда, […]

Во Косово нови 13 починати и 637 заболени од Ковид-19, активни 7.798 случаи


Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 768 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од корона вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.712 тестови со методот РТ-ПЦР (108.482 вкупно […]

Хаг: Тачи се изјасни дека не е виновен за воени злосторства


Поранешниот косовски претседател и еден од основачите и член на ОВК, Хашим Тачи денеска изјави дека не е виновен и не ги признава обвиненијата од Специјалното обвинителство во Хаг. – Обвинението е без никаква основа и јас изјавувам дека не сум виновен по ниту една од 10-те точки на обвинението, рече Тачи, изјаснувајќи се пред […]

БиХ ќе ги заострува мерките против корона вирусот


Властите во БиХ, каде во еден ден се регистрирани дури 73 смртни случаи, но и поради лошата епидемиолошка ситуација, најавуваат нови рестриктивни мерки против Ковид-19. Локалните медиуми објавија дека Кризниот штаб на БиХ утре ќе ги заостри мерките против корона вирусот, кои директно ќе се однесуваат на граѓаните. Мерките ќе се однесуваат на ограничување на […]

Грците најдоа како да го заобиколат карантинот – испратиле над еден милион смс пораки за спортување


За време на карантинот во Грција, граѓаните имаат опција да испратат смс порака за физичка активност или прошетка на милениче, а конкретниот код, синоќа го искористиле над еден милион Грци, откри денеска портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас јави дописничката на МИА од Атина -Она што не сакаме да видиме е да се заобиколуваат мерки. […]