Нови петмина починати и 329 заболени од Ковид-19 во Косово последните 24 часа


Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови пет смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 296 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во Косово вирусот е откриен кај вкупно 47.499 лица, од кои починале 1.225 заразени.

Последните 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 319 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 34.956.

Активни во моментов, според официјалните податоци, се 11.318 случаи.

Вчера се извршени 1.158, а вкупно досега 166.740 тестирања со методот РТ-ПЦР.