Во Грција починаа 98 лица и се регистрирани 1.240 нови случаи на Ковид-19


Грција– Во изминатите 24-часа во Грција повторно е регистриран зголемен број смртни случаи од Ковид-19, починаа 98 лица, а заразени се уште 1.240 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи, 270 се во Атика, поширокиот регион на Атина, а 232 во Солун.

Од почетокот на епидемијата во Грција од Ковид-19 починаа 3.785 лица, а регистрирани се вкупно 126.372 случаи.