Во Грција 1.190 нови случаи и 85 починати од Ковид-19


Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти  1.190 нови случаи на Ковид-19 и 85 починати.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со коронавирусот во земјата рече дека постојат одредени региони со лоша епидемиолошка слика, a надлежната комисија одржува состанок и ги разгледува податоците.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3.870 смртни случаи и 127.557 заразени.