Во БиХ 902 новозаразени, починаа 51 пациент


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа, со корона вирус се заразиле нови 902 лица, а починаа 51 пациенти.

Тестирани се 3.580 луѓе.

Во Федерацијата направени се 2.407 тестови, од кои 577 биле позитивни на Ковид-19. Досега тестирани се вкупно 312.472 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 66.555 лица.

Излечени се 47.001 пациенти, а активни се 17.644 случаи.

Во последните 24 часа починале 28 луѓе, или вкупно 1.910.

Во Република Српска направени се 1.071 тестови, а корона вирусот е потврден кај 282 лица. Пријавени се 22 смртни случаи или вкупно 1.487.
Оздравеле 20.039 лица,а вкупно биле тестирани 150.933.
Во Брчко потврдени се 43 нови случаи со корона вирус, а почина едно лице.