Црн ден за Хрватска – од Ковид-19 починаа 92 пациенти


Денеска во Хрватска забележани се 3.327 нови случаи со корона вирус, а тестирани биле 11.387 луѓе. Во истиот период починаа 92 пациенти заболени од Ковид-19, што е најмногу во еден ден, од почетокот на пандемијата.

Оздравеле 2.694 лица, а во самоизолација се повеќе од 53.000.

Во моментот во Хрватска има 22.402 активни случаи.

Во болница се 2.907 заболени, а на респиратор 294 пациенти.