Во Србија денеска има 5.884 новозаразени, а починаа 53 пациенти со Ковид-19


 

Во Србија денеска тестирани се 18.989 примероци, а 5.884 биле позитивни. Во истиот период починаа 53 пациенти со Ковид-19.

На респиратори се 312 пациенти.

Кризниот штаб во Србија донесе нови мерки според кои секој странски државјанин што сака да влезе во Србија мора да им негативен ПЦР тест, а за граѓаните на Србија следува изолација.

Сите други мерки се на сила до 18 декември. Потоа следува преиспитување.