Во Србија од Ковид-19 починаа уште 49 пациенти, новозаразени се 5.353


Според последните податоци, во последните 24 часа во Србија биле тестирани 18.484 лица, од кои 5.353 биле позитивни. Починале 49 лица.

На апарати за дишење се приклучени 333 пациенти.

Иако бројот на новоинфицирани во претходните денови опаѓа, сепак бројот кој се објавува секој ден е голем, над 5.000. Најмногу загрижува пополнетоста на болничките капацитети, но и претстојните празници кога коронавирусот може дополнително да се прошири низ цела Србија.

В петок ќе се одржи нова седница на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, на која се очекува да бидат донесени нови мерки.