Удар за Јанез Јанша – владата ја напушти еден од клучните партнери


Извршниот комитет и советот на партијата на пензионерите на Словенија, ДеСУС, го поддржаа заминувањето од владината коалиција на Јанез Јанша. Како што рече лидерот на партијата Карл Ерјавец по состанокот, тие денес одлучија да ја напуштат коалицијата и останува на Јанша да одлучи кога ќе ги разреши министрите од квотата на ДеСУС.

Извршниот комитет и советот на ДеСУС, исто така, го потврдија нивниот лидер Ерјавец како кандидат за мандатар на можната нова влада. Во партискиот совет, 37 члена гласаа за одлуката за напуштање на коалицијата од 42, никој не бил против.

По завршувањето на седниците, Ерјавец исто така рече дека одлуките во врска со повлекувањето на ДеСУС од коалицијата и неговиот мандат ги поддржале двајца присутни пратеници и дека утре се очекува да следат разговори со другите од парламентарната група. Денес Извршниот комитет го поддржа и протерувањето на пратеникот Роберт Полнар од партијата.

Не е исклучено некои пратеници на ДеСУС да изберат да одат по свој пат. Имено, пратениците во неколку наврати истакнаа дека не се задоволни од некои потези на премиерот Јанша, кои ја вознемирија јавноста, но дека се задоволни од исполнувањето на договорот за коалиција и барањата на партијата.

ДеСУС вима пет пратеници во парламентот од 90 члена. Владината коалиција со нив има вкупно 47 пратеници, што е многу тесно мнозинство. Заминувањето на тројца пратеници од ДеСУС  ќе го направи исклучително тешко обезбедувањето мнозинството на владата на Јанша.

Јанша реагираше на случувањата со изјавата постабилна влада од сегашната не може да се формира во овој состав на собранието. „Ако некој ја разниша оваа структура, нови предвремени избори ќе бидат пред нас подоцна од порано“, рече тој.

Ерјавец, поранешен министер за надворешни работи и одбрана, кој на чело на партијата се врати пред два дена, вели дека членството на ДеСУС е незадоволно од учеството во владата поради идеолошки прашања, нападите врз медиумите, блиските односи на Словенија со Унгарија и Полска и начинот на кој кабинетот на Јанша се справува со пандемијата на короната и драматичниот пораст на бројот на починати. (Н.В.)