Бугарија протера руски дипломат, Москва ќе одговори


Бугарското министерство за надворешни работи му даде 72 часа на руски дипломат да ја напушти земјата откако обвинителството утврдило дека тој е вмешан во шпионирање на земјата од 2017 година, соопшти министерството денеска.

Портпаролот на министерството изјави дека за тоа е известена руската амбасада во Софија.

Во посебно соопштение, канцеларијата на обвинителот наведува дека рускиот дипломат барал чувствителни воени информации, вклучувајчи и број на американски војници разместени во НАТО членката Бугарија во текот на воените вежби.

Руската амбасада во Софија денеска соопшти дека бугарското протерување е без темел, а Москва го задржува правото да одговори на таа мерка, пренесе Ројтерс.