Бугарија протерува уште еден руски дипломат поради шпионажа


Бугарија ќе протера уште еден руски дипломат по неколку слични случаи, откако против него е отворена истрага за шпионирање на американските сили стационирани во оваа членка на НАТО, соопшти денеска Владата во Софија.

– Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи дипломат на Руската амбасада во Софија за непожелна личност и му даде 72 часа да ја напушти земјата поради активности неспојливи со неговиот дипломатски статус, се вели во соопштението.

Министерството претходно соопшти дека протера двајца руски дипломати под сомнение за шпионажа.