Во Словенија уште 43 починати, 1.642 нови инфекции


Бројката на починати во Словенија никако да се намали: во последните 24 часа регистрирани се 43 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 2.233. Тоа значи дека Словенија веќе има 1.074 змртни случаи на 1 милиони жители.

Направени се 6.350 тестови, а од нив позитивни биле 1.642, што изнесува 25,8 отсто. Хоспитализирани се 1.229 пациенти, од нив 208 на интензивна нега.