Паѓа бројот заразени во Србија, починаа 47 пациенти


Во текот на претходните 24 часа во Србија регистрирани се 5.129 новозаразени со корона вирусот, а во исто време, починаа 47 пациенти со Ковид-19.

Тестирани се 17.460 лица.

Во болниците, во моментот има 9.499 луѓе, а на респиратор се 353 пациенти, што е за 20 повеќе од вчера.

Во Србија од почетокот на епидемијата регистрирани се 287.730 случаи со корона вирус. Починаа 2.529 пациенти. Вкупно се тестирани 2.101.389 тестови.