Во Грција уапсен Грк кој шпионирал за Турција


Грчката полиција уапси функционер на турскиот конзулат обвиент за шпионажа, а овој потег најверојатно ќе доведе до дополнително заладување на односите меѓу двете земји.

Се работи за лице со грчка националност кој е вработен во тускиот конзулат на островот Родос. Функционерот е уапсен денеска, по испитувањето кое траеше една недела.

Уште едно лице со грчка националност, исто така е упасено, а се работи за готвач на патнички брод кој пловел на релација Родос-Кастелоризо, изјави за Ројтерс грчки полициски службеник.

Еден од осомничените е обвинет дека го фотографирал движењето на грчките оружени сили во Егејското Море.

Грчките медиуми пренесоа дека двајцата мажи се припадници на муслиманското малцинство на северот на земјата.

Турција не реагираше по повод наводите за апсењето на двајзата мажи обвинети во Атина дека се шпиони.

Односите меѓу Грција и Турција долги години се тензични, почнувајќи од спорот по прашањето на Кипар, па до правата на експлоатација на потенцијалните наоѓалишта на нафта и гас во Средоземното Море.