Во Грција регистрирани 2.835 нови случаи на Ковид-19 и починаа 38 лица


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.835 нови случаи на Ковид-19, а починаа 38 лица. Вкупно 366 пациенти се приклучени на апарати, односно 30 повеќе од вчера. Од почетокот на епидемијата, во земјата има 72.510 случаи на Ковид-19, а се регистрирани 1.035 смртни случаи.

Албанија: Нов рекорд од 532 новозаразени, почнаа да функционираат и ковид центри


Нов негативен рекорд од 532 заразени со Ковид-19 е регистран во Албанија во последното деноноќие. -Од тестираните 2.409 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 22 отсто од нив. Во исто време битката со опасниот вирус ја изгубија седум пациенти или 612 до сега, додека оздравеа 100 лица односно 12.767 од вкупно заразените 27.233, информираше […]

Во Косово 11 починати и 765 заболени од Ковид-19 последните 24 часа


Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 11 починати и 733 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 193 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 809 од вкупно 28.616 лица кај […]

Рекорден број новозаразени во Србија, во Словенија 41 починати пациенти


Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 3.822 новозаразени. Починаа 17 пациенти. Тестирани биле 14.015 лица. Во болница се 3.693, а на респиратор 163 пациенти. Во Босна и Херцеговина пак, заразени се нови 1.275, а за 24 часа починале 49 пациенти. Тестирани биле 3.859 примероци. Во Федерацијата тестирани се 2.536, а 836 биле позитивни. […]

ОН предупредуваат на ширењето на омраза во медиумите во Бугарија


Извештај со сериозни критики за состојбата со медиумите и ширењето на омраза во Бугарија го подготвува Кабинетот на Високиот комесар на ООН за човекови права. Во работната верзија и придружните документи има тешки наводи за говор на омраза, насилство врз жени, слаба заштита на правата на малцинствата – етнички и сексуални, третман на имигранти… Голем […]

Во Бугарија 4.212 нови случаи и 85 мртви


Бројот на позитивни од Ковид-19 во Бугарија и натаму е на високо ниво. Денеска тој изнесува 4.212 од направени 12.413 теста, што во проценти е 34 отсто. Починаа 85 лица, а излекувани се 682. Притисокот врз болниците е неверојатно голем и, како што пишуваат бугарските медиуми, здравствениот систем е на работ на пукање. Има хоспитализирано […]

Нема веќе свадби, родендени, сочувства во Црна Гора, налагаат рестриктивните мерки


Здравствените власти во Црна Гора усвоија нови рестриктивни епидемиолошки мерки што ќе се применуваат низ целата земја од недела до 1 декември. Националното координативно тело за контрола на заразни болести ќе го ограничи движењето низ целата земја од 21 до 5 часот наутро, а предвидена е и забрана за патување на долги релации за време […]

Во Словенија починаа 38 пациенти со Ковид-19, а 1.508 се заразени


  Во Словенија денеска се регистрирани 1.508 случаи со корона висру, а од последиците на истиот починаа 38 пациенти, соопшти словенечката влада. Тестирани се 5.762 лица, од кои 26,2 отсто се позитивни, пренесе порталот 24UR. На болничко лекување се 1.199 пациенти, од кои 200 на интензивна нега.

Албанија: Расте бројот на заразени со Ковид-19, вирусот навлезе и во училиштата


Нови 490 заразени со Ковид-19, седум почнати и 93 оздравени и седум почнати билансот во последното деноноќие во Албанија. Според министертвото за здравство и социјална заштита опасниот вирус е дијагностициран од тестираните 2.508 сомнителни случаи . -Од почетокот на пандемијата направени се вкупно 150.740 тестирања, позитивни на вирусот се 26.701 лице,бтката со врусот ја добија […]

Речиси илјада заболени и 13 починати од Ковид-19 вчера во Косово


Во Косово во минатите 24 часа продолжи неколкунеделниот тренд на пораст на бројот на заболени и починати од Ковид-19, со 963 нови заразени и 13 пациенти кои подлегнаа на болеста, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително вчерашните случаи, досега во земјата се потврдени вкупно 27.851 […]

Повторно над 3.000 нови случаи во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи на Ковид-19 – вкупно 3.038 новозаразени, а починаа 38 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од ден на ден, во земјата се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати. Денеска се 336, односно 26 повеќе од вчера. На денешната редовна […]

Во Белград критично, Србија со речиси 3.500 новозаразени


  Во Србија во последните 24 часа забележани се речиси 3.500 новозаразени со корона вирус, а само во Белград има нови 1.597. Починаа 17 пациенти. На второ место е Нови Сад со 330 новозаразени. Тешка е и ситуацијата во Ниш, каде се регистрирани 113 новозаболени. Измените на Законот за заштита на населението од заразни болести […]

Во Црна Гора е најавено воведување полициски час до 21 до 5 часот наутро до 1 декември


Во Црна Гора е најавено воведување полициски час до 21 до 5 часот наутро до 1 декември, а исто така се планира забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите, пишува „Вијести“. Најавено е и дека ќе се скрати работното време на продавниците и угостителските објекти до 20 часот.  Ќе бидат забранети сите собири, како и […]

Потврден корона вирусот кај визони и во Грција


Позитивни на коронавирусот се резултатите од деветте примероци земени од живи и мртви визони во фарма во грчкиот град Козани, откако претходно беше потврден Ковид-19 кај еден од фармерите, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на ветеринарната служба од Козани, Теофилос Канѕоглу, во изјава за медиумите вели дека во конкретната фарма има 2.500 животни, […]

Од почетокот на ноември во Босна и Херцеговина починаа 568 болни од Ковид19


Во Босна и Херцеговина од 1 ноември досега починаа 568 заразени со корона вирус, а рекордот во еден ден е забележан на 9 ноември, кога починаа 73 пациенти. И денеска Босна и херцеговина забележа висок број починати, дури 58. Новозаболени се 1.332, од 3.854 тестирања. Во Федерацијата во последните 24 часа направени се 2.451 тест […]

ХДЗ не прифаќа колективна одговорност и најави жалба


Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска соопшти дека не прифаќа колективна одговорност по повод денешната пресуда на Жупанискиот суд во Загреб, со која на партијата и беше изречена казна од 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра). ХДЗ најави жалба на пресудата. Во соопштението на ХДЗ се наведува дека партијата, без да навлегува во основаноста на […]

Во Хрватска нови 3.056 заразени со Ковид-19, 43 починаа


  Во последните 24 часа забележани се 3.056 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 16.746. Меѓу нив 1.620 пациенти се лекуваат во болница, од кои 179 на репсиратор. Починаа 43 пациенти или вкупно 968 од почетокот на епидемијата. До денеска во Хрватска се забележани 78.978 заразени со корона вирус, оздравеа […]

Иво Санадер осуден на осум години затвор, ХДЗ одговорна


Во повтореното судење на поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер е прогласен за виновен за корупција поради извлекување пари преку маркетинг-агенцијата „Фими медиа“. Санадер на повтореното судење е осуден на единствена казна затвор во траење од осум години. Пресуда е изречена и за неговите некогашни соработници, но и на партијата ХДЗ, пренесе Индекс. Повтореното судење […]

Нов негативен рекорд во Грција, регистрирани 3.316 нови случаи, починаа 50 лица


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 3.316 нови случаи, а починаа 50 лица, што е нов негативен рекорд на дневно ниво, како во однос на новозаразрените, кои првпат се над 3.000 така и во однос на смртните случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Од ден на ден, во земјата се зголемува и […]

Во Албанија 401 новозаразени со Ковид-19, во тек постапка за набавка на брзи тестови


Во Албанија, во последното деноноќие Ковид -19 е потврден кај 410 лице од направените 2.044 тестови (485 за скриннг),што е 20 отсто од тестираните. И понатаму главно жариште е Тирана каде се 265 од новите случаи, по што доаѓаат Драч, Елбасан,Скадар и Корча. Според министертвото за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа битката […]