Покоен професор од Славонија доби пресуда, место „строп“ употребил „таваница“.


 

Европскиот суд за човекови права во Стразбус пресуди во корист на покојниот професор Миле Новаковиќ, кој предавал во средно училиште во Хрватска, а далечната 1999 година добил отказ затоа што на часовите место на хрватски предавал на српски јазик. Судот утврдил дека на Новаковиќ не му е пружена можност за едукација и дека со инспекцискиот надзор биле опфатени само наставници од српска националност.

Хрватска сега треба на несовото семејство да му исплати 5.000 евра отштета и 850 евра за судски трошпоци.

Судот во петокот пресуд дека во овој случај прекршен е 8. член од Европската конвенција за човекови права која се однесува на правото на почитување пна приватниот живот.

Покојниот Новаковиќ пред 21 година се обратил до Европскиот суд за човекови права откако бил отпуптен од работа затоа што предавал на српски.

„Со оглед на неспорната сличност на двата јазика, како и фактот што подносителот на барањето живеел и работел повеќе од својот работен век во Хрватска, тешко е да се рабере зошто не е разгелдана опцијата за овозможување дополнителна обука. Миле Новаковиќ, за жал, почина и не ја дочека правдата. Зад него останаа сопругата и децата“, вели адвокатката Бранка Паприќ, која го застапувала професорот пред Европскиот суд за човекови права.

Тој од 1998 година бил вработен во средно училиште, а предавал техничко образование и против него и неколку негови колеги од српска националност, некој поднесол анонимна пријава дека на настава користат српски зборови.

Инспекцијата утврдила дека Новаковиќ „не употребува хрватски јазик во секој поглед“, а директорката вели дека на товар му се ставило тоа што го употребил зборот „таваница“ (таван) што има исто значење како зборот строп (на хрватски).