Почина вдовицата на Халид Бешлиќ
Со години, Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба беше нарушена, а во последните месеци водеше тешка животна битка.
Семејството, пријателите и бројните обожаватели на семејството Бешлиќ се збогуваа со жената која беше запаметена по својата скромност, достоинство и безрезервна поддршка на својот сопруг за време на неговата богата музичка кариера, пишува аваз.ба
Сопругата на Халид, Сејда, не можела да присуствува ниту на неговиот погреб поради ненадејно влошување на нејзината здравствена состојба во текот на ноќта.