Лобист од Флорида номиниран за американски амбасадор во Бугарија


 

Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на Сенатот да го одобри новиот амбасадор во Бугарија, кој за прв пат од крајот на комунистичкиот режим не е дипломат. Кандидатот на Трамп е Даглас Холдер, лобист од Флорида кој нема искуство во дипломатијата и не бил на позиција каде што се носат политички одлуки веќе 12 години.

Холдер е долгогодишен претставник на Републиканската партија. Роден е 1966 година во Тенеси. Во 1997 година се населил во Флорида, а во 2006 година бил избран во Претставничкиот дом на државата. Холдер остана во законодавниот дом до 2014 година, освојувајќи неколку последователни мандати. Во 2018 година се кандидираше за Сенатот на државата Флорида, но изгуби на прелиминарните избори на Републиканската партија. Од 2014 година работи како лобист.