Земјотрес со јачина од 4,1 степен почувствуван во јужниот дел на Албанија


Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала почувствуван е околу два часот по полноќ во јужниот дел на Албанија.

Агенцијата Балкан веб, повикувајќи се на албанскиот сеизмолошки институт, наведува дека потресот бил во длабочина од два километера, со епицентар на 17 километри југозападно од градот Ѓирокастро.

Освен вознемиреност кај жителите, земјотресот не причинил други штети.