Во Србија уште 3.534 новозаразени, зголемен бројот на починати


 

Во текот на последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се 3.534 нови случаи со корона вирус, а починаа 54 чица.

За денеска тестирани се 11.068 лица. На респиратор се 314 лица, што е помалку од вчера.

Досега во Србија регистрирани се 300.062 заразени, а починаа вкупно 2.686 лица.

Направени се 2.141.775 тестови.

Епидемиолозите предупредија дека здравствениот ситем и понатаму е преблокиран и дека нема место за опуштање.

Седница на Кризниот штаб е закажана за понеделник, кога се очекува одлука дали мерки ќе бидат заострени или ќе дојде до попуштање.