Хаос на хрватските граници – се чека по 15 часа


На граничните премини од Словенија кон Хрватска се чека и по 15 часа, поради актуелните контроли и зголеменит сообраќај, јавија во сабота од Хрватскиот авто-клуб.

Сообраќајот е зголемен на сите поважни патишта и гранични премини, каде поради актуелните контроли можни се повеќечасовни чекања, особено на премините од Словенија кон Хрватска, како и за Босна и Херцеговина и за Србија.

Најголеме метеж има на граничниот премин „Брегана“ на границата со Словенија, каде во просек, се чека по 8 часа, а на другите премини по 4 или 3 часа.

„Еве, чекам веќе 15 часа, а поминав само 15 километри. Патувам од Минхен во Србија и само морам да ја поминам Хрватска. Имам ПЦР тест“, вели еден од патниците, кој е незадоволен што нема транзитна лента . Вели дека не би патувал да нема итен случај во семејството.

Друг маж вели дека чека 9 часа, а патува од Швајцарија во БиХ. Вели дека нема ПЦР тест затоа што само транзитира низ Хрватска.

Овој метеж се создаде откако балканските земји најавија заострување на мерките пред празниците, за поминување на границата, па луѓето побрзаа пред да стапат на сила тие мерки.

И нашите граѓани го имаат истиот проблем. Македонци кои патувале од некоја од западноевропските земји кон Македонија, најмногу чекале на границата Словенија – Хрватска, по 5 до 6 часа. 

Спред МВР, на македонската граница со Србија, се чека не повеќе од половина час, иако има зголемен сообраќај. 

Вчера во земјава влегле околу 2.800 возила, а денеска бројката надмина 7.000 возила.