Во БиХ 482 новозаразени, починаа 27 пациенти


 

Во Босна и Херцеговина, како за викенд, очекувано има само 482 новозаразени, затоа што се тестирани помалку, односно 2.362. Починаа 27 пациенти.

Во Федерацијата тестирани се 1.855 примероци, а 344 се позитивни на корона вирус.

Досега се тестирани 321.240 примероци, а корона вирусот е потврден кај 68.410 лица.

Заклучно со денеска, во Федерацијата оздравеле 48.630 пациенти, а активни се 17.807 случаи.

Пријавени се девет смртни случаи или вкупно досега 1.973.

Во Република Српска тестирани се 476, а вирусот е потврден 125 лица.

Пријавени се 18 смртни случаи или вкупно 1.565. Досега регистрирани се 35.133 случаи со корона вирус, а оздравеле 21.004 лица. Тестриани се 154.044 лица.

Во Брчко има 13 нови случаи, а тестирани се 31 примерок.

Активни се 1.088 случаи со зараза.