Шпионската афера во Грција: Двајцата уапсени признаваат дека се познавале


Грчките власти уапсија две лица обвинети за шпионажа во случајот кој може дополнително да ги заостри односите меѓу Грција и Турција.

Еден од осомничените е идентификуван како 35-годишен секретар во турскиот конзулат на островот Родос и оставен му е рок до понеделник да подготви одбрана, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Вториот осомничен, стар 56 години, бил вработен како готвач на патнички траект кој ги поврзува грчките острови Родос и Мегисти.

Осомничениот готвач е уапсен во својата куќа во Комотини на североистокот на Грција во поетокот утрото по потерница која ја издал обвинител од Родос.

Тој е префрелн на Родос, каде се очекува да побара време за подготовка на одбраната.

Тој од самиот почеток признал дека секретарот го врбувал за да му дава информации за движење на грчките оружени сили на југоистокот на Егејот, имено на Родос и Мегисти и во други области.

Осомничениот 35-годишник изјавил дека неговите главни должности во конзулатот биле административни прашања и културни активности.

Двајцата мажи велат дека се сретнале на друштвен настан минатото лето и дека од тогаш одржуваат пријателски односи.