Хрватска продолжува со многу починати дневно од Ковид-19


 

Во последните 24 часа забележани се 2.752 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се уште 20.118.

Од нив, 2.873 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор 306 пациенти.

Починаа 78 пациенти, а во самоизолација се 57.544 лица.

До денеска се тестирани 941.420, од кои 10.062 во последните 24 часа.

Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска се регистрирани 192.987 заразени со корона вирусот, а починаа 3.101 пациент.