Просечната нето плата во Србија во декември околу 750 евра


Просечната нето плата во Србија во декември 2023 година изнесува 95.093 динари, додека просечната бруто-плата 130.405 динари, соопшти денеска Српскиот завод за статистика. Просечната нето заработка за декември 2023 година изнесува 69.842 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ. Просечните бруто-плати номинално се повисоки за 13,1 отсто во однос …

Просечната нето плата во Србија во декември околу 750 евра Read More »

Почна трансферот на затвореници од Велика Британија во Албанија


Почна префрлањето на затворениците, албански државјани, од британските затвори кои казната ќе ја доиздржувааат во албанските затвори. Првиот трансфериран затвореник водел криминална организација во Лондон, која се занимавала со шверц на кокаин вреден 150 милиони фунти, а судот во Лондон во 2017 година му изрекол казна затвор во траење од 17 години. Во моментов, над …

Почна трансферот на затвореници од Велика Британија во Албанија Read More »

Воз со фосфорна киселина излета од шините кај Рума


Воз на железничката станица во Рума утрово излета од шините. Како што се дознава, четири вагони што превезувале фосфорна киселина излетале од шините. Засега не се знае колкава е штетата, а во тек е истрага за утврдување на сите детали од несреќата. Полицијата и пожарникарите се на терен, пишува „Курир“.

Борел: Неуспешни разговори со Вучиќ и Курти за деескалација


 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција имал одвоени средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, за деескалација на тензиите во односите меѓу Белград и Приштина, но дека, за жал, разговорите биле неуспешни. Сумирајќи ги резултатите од конференцијата во …

Борел: Неуспешни разговори со Вучиќ и Курти за деескалација Read More »

И денеска грчките земјоделци ќе ги блокираат граничните премини Евзони и Ники


Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција, денеска, на неколку часа ќе ги затворат граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. На Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време и во периодот …

И денеска грчките земјоделци ќе ги блокираат граничните премини Евзони и Ники Read More »

Воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе биде отворена на 4 март


Тирана – Воздухопловната база на НАТО во албанскиот град Кучово, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, што е прва ваква база во Западен  Балкан, ќе биде инаугурирана на 4. идниот месец. Подготовките на базата на НАТО во Кучово се при крај и за првпат Министерството за одбрана објави видео и фотографии од неа. …

Воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе биде отворена на 4 март Read More »

Ана Брнабиќ: Најверојатно е дека ќе има нови, а не повторени избори во Белград


Белград- Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека најверојатно ќе има нови, а не повторени избори во Белград, додавајќи дека „ниту еден глас не е украден“ и дека никогаш нема да прифати меѓународна истрага за изборите од 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград. Таа оцени дека изборите се одржани, дека се легитимни и …

Ана Брнабиќ: Најверојатно е дека ќе има нови, а не повторени избори во Белград Read More »

Црногорскиот претседател Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата


Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, објави во саботата дека поднесол оставка на сите функции во Движењето Европа сега. Милатовиќ, кој ја извршуваше функцијата заменик претседател на партијата, во објава на платформата Х објасни дека поднесува оставка затоа што досегашниот начин на работа на ПЕС е спротивен на ветувањата и вредностите што ги имал предвид …

Црногорскиот претседател Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата Read More »

Вучиќ: „Кога на Србија ѝ беше најтешко, Кина најмногу ни помогна“


„Кина е вистински пријател на Србија, а народите на двете земји секогаш одржувале добри односи“, изјави Александар Вучиќ во интервју за „China Media Group“. „Кога Србија беше во тешкотии, Кина ни помогна најмногу, како што велат, пријателите се познаваат во неволја“, рече Вучиќ. Вучиќ ја негираше таканаречената „теорија на кинеската должничка стапица“ и се заблагодари …

Вучиќ: „Кога на Србија ѝ беше најтешко, Кина најмногу ни помогна“ Read More »

Земјотрес во Бугарија


Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија околу 18 часот и 45 минути. Земјотресот е регистриран на 88 километри јужно од Софија, на длабочина од 13 километри. Можни се помали материјални штети со земјотреси од оваа јачина. Инаку, денеска беа забележани уште два земјотреса во регионот, еден во Албанија, што …

Земјотрес во Бугарија Read More »

Регионот покриен со снег до 1 метар, линијата меѓу зима и пролет поминува низ Балканот


Дел од Европа и нашата област е под влијание на силна циклонска активност. Саботата донесе и формирање на секундарен циклон во Џеновскиот Залив, кој ги зафаќа подрачјето на Алпите, Италија, Јадранот и неговата заднина. Првиот ден од викендот обилни врнежи го зафатија подрачјето на Алпите, со обилни дождови, додека над 1.500 метри надморска височина паѓаше …

Регионот покриен со снег до 1 метар, линијата меѓу зима и пролет поминува низ Балканот Read More »

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви


Силно невреме придружено со силен ветер во текот на ноќта погоди бројни делови на Босна и Херцеговина. Судејќи по фотографиите, еден од градовите кој поминал најтешко е Кључ. Градот во северозападниот дел од нашата држава во текот на ноќта претрпе материјална штета, за што сведочи фотографијата на која се гледа дека Средношколскиот центар остана без …

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви Read More »

Грчко МНР: Континуирана и искрена поддршката на Грција за Владата и народот на Украина


 Грција цврсто стои на страната на храбриот украински народ кој се бори за независноста и суверенитетот на својата земја. Нашата поддршка за Владата и народот на Украина е континуирана и искрена, соопштија од грчкото МНР за двегодишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи …

Грчко МНР: Континуирана и искрена поддршката на Грција за Владата и народот на Украина Read More »

Први случаи на предозирање во Словенија – нова дрога на Балканот


Фентанил, дрогата за зомби, доаѓа на Балканот. Во Словенија се забележани случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар. Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат …

Први случаи на предозирање во Словенија – нова дрога на Балканот Read More »

Пристигнува големо количество сахарски песок


На самиот крај на  февруари, кој ќе остане климатолошки евидентиран како еден од најтоплите, ако не и најтопли во историјата на мерењата, пристигнува масовна пратка африкански песок. Долгорочната циклогенеза која кон крајот на следната недела ќе се засили во Џеновскиот залив, а која ќе започне со ново пробивање од Атлантикот веќе во понеделник, носи многу …

Пристигнува големо количество сахарски песок Read More »

Санадер стана шеф на затворска библиотека


Иво Санадер, поранешен премиер на Хрватска, стана шеф на затворската библиотека во затворот Липовица. Тој не е вработен, туку затвореник, но е задолжен за културното издигнување на затворениците, јавија хрватските медиуми. Поради примерно однесување, но и нарушено здравје, поранешниот премиер Иво Санадер повеќе не е во Реметинац. – Господинот Санадер е во КПУ Липовица неколку …

Санадер стана шеф на затворска библиотека Read More »

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги запре израелските напади врз Газа и Ерусалим


Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа и малтретирањето во Ал Кудс (Ерусалим) од страна на Израел, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави Анадолија. – Ќе ги искористиме сите расположливи средства, без исклучок, да го запреме угнетувањето во Газа и малтретирањето во Ал Кудс, рече Ердоган …

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги запре израелските напади врз Газа и Ерусалим Read More »

САД санкционираа двајца српски државјани и четири фирми поради Русија


По повод втората годишнина од инвазијата на Русија на Украина и како одговор на смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, САД во петокот санкционираа повеќе од 500 поединци и компании во Русија и во други делови на светот, меѓу кои се наоѓаат и двајца српски државјани и четири српски фирми, јави дописникот на МИА …

САД санкционираа двајца српски државјани и четири фирми поради Русија Read More »

Земјотрес со јачина од 4,9 степени во Јадранското Море е почувствуван на југот на Хрватска


Краток земјотрес е регистриран со епицентар во Јадранското Море, а е почувствуван на југот на Хрватска. Според информациите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, 94 километри југозападно од Дубровник и 104 километри североисточно од Бари. Сеизмолошката служба соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени. „Денеска, 23 февруари 2024 …

Земјотрес со јачина од 4,9 степени во Јадранското Море е почувствуван на југот на Хрватска Read More »

Дојава за бомба во амбасадите во Грција; „Во 11:30 часот…


Амбасадите на Израел, Египет и Соединетите Американски Држави во Атина денеска добиле дојава за подметнати бомби, јавуваат грчките медиуми. Според Катимерини, непознати лица се јавиле во неколку редакции на грчките телевизии, предупредувајќи дека во 11:30 часот ќе експлодираат бомби во амбасадите на САД, Египет и Израел. Припадниците на Одделот за уништување експлозивни направи се на …

Дојава за бомба во амбасадите во Грција; „Во 11:30 часот… Read More »