Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги запре израелските напади врз Газа и Ерусалим


Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа и малтретирањето во Ал Кудс (Ерусалим) од страна на Израел, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави Анадолија.

– Ќе ги искористиме сите расположливи средства, без исклучок, да го запреме угнетувањето во Газа и малтретирањето во Ал Кудс, рече Ердоган на митинг во западната турска провинција Баликесир.

Тој додаде дека Турција работи на обезбедување колективна акција на муслиманските земји ширум светот против угнетувањето во Газа.

Зборувајќи за напорите на Турција за борба против тероризмот, Ердоган рече дека Анкара ќе почне нови операции за да ги попречи и порази обидите за формирање терористичка држава преку нејзината јужна граница со северна Сирија.

– Со нови операции ќе продолжиме да го разбиваме проектот за формирање „терористичка“ база со опкружување на нашата земја од нејзините јужни граници, рече Ердоган.