Воз со фосфорна киселина излета од шините кај Рума


Воз на железничката станица во Рума утрово излета од шините.

Како што се дознава, четири вагони што превезувале фосфорна киселина излетале од шините.

Засега не се знае колкава е штетата, а во тек е истрага за утврдување на сите детали од несреќата.

Полицијата и пожарникарите се на терен, пишува „Курир“.