Кривична пријава за премиерот на Словенија поради мешање во „полициски работи“


  Словенечката полиција доцна во вторникот поднесе кривична пријава против премиерот Роберт Голоб поради наводно „мешање во полициските работи“. Жалбата, поднесена до Специјализираното јавно обвинителство на земјата, се заснова на наводите на поранешната министерка за внатрешни работи Татјана Бобнар и поранешниот привремен началник на полицијата Боштјан Линдав за несоодветниот политички притисок што Голоб го извршил […]

Во Хрватска лани родени 32.170 деца, најмалку од 1991 година


Во Хрватска минатата година се родени најмалку деца од 1991 година, а животниот век е за три години пократок од просекот на ЕУ, покажуваат податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ) за природното движење на населението во 2023 година. Според овие податоци, минатата година во Хрватска се родени 32.170 деца. Хрватска во последните три […]

Рама не сака азилантски кампови и со други земји, нуди решение со Западен Балкан


Најголемата германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ја поддржува одлуката за префрлање на постапката за доделување азил од Европската унија во трети земји, но високиот функционер на ЦДУ, Торстен Фреј оцени дека земјите од Западен Балкан не се соодветни за ова. „Според мене, земјите од Западен Балкан не се соодветни за безбедниот модел на трети […]

Силен земјотрес ја погоди Турција


Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри. Засега нема информации за жртви и штети. Да потсетиме, во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 […]

Сараевски ученици ретко се појавуваат во училиште – за дојави на бомби уапсени малолетници


Во текот на ноќта, под надзор на обвинителот на Кантоналното обвинителство на Сараево, полициските службеници на полициската управа приведоа две малолетни лица за кои постои сомнеж дека лажно пријавиле постоење на експлозивни направи во средни училишта и други објекти на територијата на главниот град во Босна и Херцеговина вчера и претходно. Мешовит тим составен од […]

Турција бара воведување санкции против Израел


Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека времето за дипломатија е завршено и дека треба да се воведат санкции кон Израел. -Ги преминавме границите на зборовите, дипломатијата, политиката, стигнавме до крајот, ни требаат други инструменти, рече Фидан на конференцијата за иднината на Палестина во Анкара. Турскиот министер додаде дека меѓународната заедница треба да […]

БИХ: Погребани 19 жртви од поплавите и свлечиштата во Јабланица


 Во Јабланица денеска се одржа колективен погреб на 19 жртви од овој мал град во северна Херцеговина, кој најмногу настрада во поплавите и свлечиштата, а молитвата ја предводеше поглаварот на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, реисот Хусеин Кавазовиќ. Најголем број луѓе загинаа во селото Доња Јабланица кога врз него падна огромно количество камења од […]

Попис на населението во Црна Гора: Сѐ повеќе Срби, сѐ помалку Црногорци


Во Црна Гора живеат 41 отсто Црногорци и речиси 33 отсто Срби, но повеќе жители зборуваат српски отколку црногорски, покажуваат резултатите од пописот во 2023 година, што денеска ги објави Државната управа за статистика. Во споредба со пописот од 2011 година, бројот на Црногорците е намален за три отсто, додека бројот на Србите исто така е […]

Албанија го отвора првиот кластер на преговори за пристапување во ЕУ


Тирана – Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.  Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември. Албанија ги почнува преговорите со ЕУ на 15 октомври, Македонија […]

Земјите од Западен Балкан ќе ги добијат првите пари од Планот за раст до крајот на годината


Берлин– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека земјите од Западен Балкан треба да ги добијат првите пари од Планот за раст до крајот на годината. -Пет од шесте реформски агенди ќе бидат усвоени оваа недела и тоа значи дека исплатата на шест милијарди евра од Планот за раст може да […]

Телото на последната жртва од поплавите пронајдено во Јабланица, уште едно лице се бара во Коњиц


Спасувачките екипи во соработка со полицијата и другите надлежни служби го пронашле телото на последниот загинат во поплавите во Доња Јабланица, потврдија за порталот „Аваз“ од полицијата. Телото е пронајдено во близина на браната на ХЕ Грабовица, со што вкупниот број на жртви од оваа катастрофа во Јабланица се искачи на 19, додека во Коњиќ […]

Додик: БиХ нема да го признае влезот на Албанците од Косово со лични карти


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека Босна и Херцеговина нема да го признае влезот на Албанците со лични карти бидејќи не го признала ниту самопрогласеното Косово.  Додик истакна дека повикувајќи се на тоа што Србија дозволила патување со лични карти преку Србија е во прилог на тоа што Косово и Метохија е […]

Пленковиќ го нарече Милановиќ „корисен идиот“ на Русија


Комисијата за внатрешна политика и национална безбедност  во Хрватска испрати барање за проверка на обвинувањата на министерот за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, против претседателот Зоран Милановиќ, за кој тврди дека спроведува проруска политика. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ без да штеди зборови ја објасни целта: „Интересно е што опозицијата никогаш не побара да се проверат […]

Првиот брод со имигранти од Италија плови кон Албанија


Бродот „Либра“ на италијанската морнарица отпловил од Лампедуза и плови кон Албанија за да ја донесе првата група имигранти во прифатниот центар во пристанишниот град Шенѓин, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр. – Извршена е првична проверка на лицата, спасени на море, а кои се префрлаат во Албанија, за да се потврди […]

Србија има програма за враќање на село, им купува куќи на млади семејства


Српскиот министер за рурални прашања, Милан Кркобабиќ, денеска изјави дека се одобрени средства за купување на уште 209 куќи за враќање на младите брачни парови на село, што значи дека во рамките на програмата се купени вкупно 3.309 куќи. „Најголем број куќи повторно има во Сомбор. Тоа е град во кој очигледно се собираат млади […]

Харадинај: Курти е српски шпион и предавник кој ја остави косовската војска без леб


Шефот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај денеска повторно го нарече премиерот Албин Курти шпион на Србија и предавник, откако, како што рече, „ја остави војската без леб“, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на денешната вонредна седница на Собранието, на која се расправа за проблемите со снабдувањето со храна […]

Црна Гора мора да ги унапреди демократските реформи за влез во ЕУ до 2028


За да стане членка на Европската Унија до 2028 година, Црна Гора мора да ги унапреди демократските реформи, а првиот чекор е реформата на изборното законодавство, порачаа експертите за политички партии при ОБСЕ, а кои претстојуваат во Црна Гора. – Проблемот е законот за финансирање на политичките партии и изборните кампањи. Подобрувањето на овој закон […]

Во Црна Гора има 89 милионери


Според податоците на Централната банка, во Црна Гора има 89 граѓани кои на сметките во комерцијалните банки имаат повеќе од милион евра. Иако бројот на милионери расте, финансискиот консултант Стеван Гаевиќ посочува дека тоа е мал број во однос на бројот на населението, пренесува Градска ТВ. – Сметам дека тоа се главно луѓе кои стекнале […]

Албанија не сака договор за азиланти со Германија


За спроведување процедури за азил за бегалци во прифатни кампови, Германија „треба да најде друг партнер“, изјави албанскиот премиер Еди Рама за ТВ Ројтерс. Рама, кој учествува на денешната конференција за Западен Балкан во Берлин, нагласува: „Ако Германија најде друг партнер во регионот, би било убаво да се види дали тоа функционира на ист начин“, […]

Во Србија почна втората фаза од белиот штрајк на просветните работници – „Петка за сите“


– Со оглед на тоа што Владата на Србија и Парламентот не ги исполнија барањата на белиот штрајк до 13 октомври, членовите на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) денеска ја започнуваат втората фаза  –  пишување оценка „одличен 5“ за секој ученик, соопшти синдикатот, јавија беглрадските медиуми. Таа петка, доколку барањата на белиот штрајк […]