Дојава за бомба во амбасадите во Грција; „Во 11:30 часот…


Амбасадите на Израел, Египет и Соединетите Американски Држави во Атина денеска добиле дојава за подметнати бомби, јавуваат грчките медиуми.

Според Катимерини, непознати лица се јавиле во неколку редакции на грчките телевизии, предупредувајќи дека во 11:30 часот ќе експлодираат бомби во амбасадите на САД, Египет и Израел.

Припадниците на Одделот за уништување експлозивни направи се на терен.